Три странски компании, две од медицинската индустрија и една од секторот телекомуникации, се очекува до крајот на годината да ги објават своите намери за инвестирање во Македонија. Како што појасни во вторникот премиерот Никола Груевски, во текот на денот на владина седница треба да помине договорот за закуп за земјиштето со една турска компанија од медицинската индустрија, која најави почетни 250 вработувања, со можност таа бројка да се зголеми. Тие веќе на терен вршат геомеханички истражувања на земјиштето каде што треба да биде изградена компанијата. Прашање на време е кога ќе започнат со реализација на својата инвестиција, изјави Груевски Премиерот најави дека во наредните недели се очекува на владина седница исто така поминеме договорот за државна помош и за закуп на земјиштето со друга компанија од медицинската индустрија, но не откри детали околу бројот на вработените.
Три странски компании, две од медицинската индустрија и една од секторот телекомуникации, се очекува до крајот на годината да ги објават своите намери за инвестирање во Македонија.
Како што појасни во вторникот премиерот Никола Груевски, во текот на денот на владина седница треба да помине договорот за закуп за земјиштето со една турска компанија од медицинската индустрија, која најави почетни 250 вработувања, со можност таа бројка да се зголеми.
„Тие веќе на терен вршат геомеханички истражувања на земјиштето каде што треба да биде изградена компанијата. Прашање на време е кога ќе започнат со реализација на својата инвестиција“, изјави Груевски
Премиерот најави дека во наредните недели се очекува на владина седница исто така поминеме договорот за државна помош и за закуп на земјиштето со друга компанија од медицинската индустрија, но не откри детали околу бројот на вработените.
„Трета која што очекуваме до крајот на овој месец или на почетокот на следниот да објави, е една крупна компанија од Европа која што сака да инвестира во дејност поврзана со телекомуникациите и да вработи неколку стотици лица“, рече Груевски, нагласувајќи дека не може да го каже името на компанијата.
Планот на оваа компанија бил во наредните три години да вработи над 1.000 лица во работи поврзани со повисока и со претходно извршена обука.
„ Од она што ми беше кажано при последната средба со нив е дека ќе бидат ангажирани лица, главно со високо образование, од различни струки, но со дополнителна обука и ќе бидат насочени во дејноста која што компанијата сака да ја обавува“, рече Груевски.
Македонскиот премиер рече дека овие инвестиции се во сам финиш и очекува наскоро самите компании да ги објават.